Околу 17.20 часот, главниот град Скопје остана без електрична енергија. Центар, Аеродром, Лисиче, Маџари, Карпош, речиси да нема населба која не е без електрична енергија во моменти кога целото население е дома и системот е оптоварен поради евтината дневна тарифа во недела.
Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија, информираа од МЕПСО за ММС.
Повеќе детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен.
Според првичните сознанија, во близина на трафостаницата имало пожар.
Поголем дел од Скопје попладнево остана без напојување со електрична енергија.
Струја нема во Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Ѓорче Петров.
Телефоните за контакт на ЕВН се или недостапни или зафатени, па не е можно да се добие информација зошто граѓаните останаа без струја. Останува само да се информираат преку социјалните мрежи додека имаат интернет и батерија на телефоните.
ММС