Цело Скопје во мрак, нема струја а на ЕВН телефоните им се исклучени – ММС
ММС

Објавено на: 02/13/22 5:38 PM

Цело Скопје во мрак, нема струја а на ЕВН телефоните им се исклучени

Околу 17.20 часот, главниот град Скопје остана без електрична енергија. Центар, Аеродром, Лисиче, Маџари, Карпош, речиси да нема населба која не е без електрична енергија во моменти кога целото население е дома и системот е оптоварен поради евтината дневна тарифа во недела.

Телефоните за контакт на ЕВН се или недостапни или зафатени, па  не е можно да се добие информација до кога граѓаните ќе немаат електрична енергија. Останува само да се информираат преку социјалните мрежи додека имаат интернет и батерија на телефоните.

ММС