„Извинете на изразот, ама не заболе за санкциите на Западот“, рече рускиот амбасадор во Шведска по заканите на САД – ММС
ММС

Објавено на: 02/13/22 5:22 PM

„Извинете на изразот, ама не заболе за санкциите на Западот“, рече рускиот амбасадор во Шведска по заканите на САД

Западните земји и САД стравуваат дека Русија ќе ја нападне Украина и затоа на Москва и се заканија со силни економски санкции.

Москва, сепак, не се потресува многу за опасноста од санкциите, според зборовите на рускиот амбасадор во Шведска.

– Ќе ми простите на изразот, но не боли гајлето за сите нивни санкции – рече Виктор Татаринцев за „Афтонбладет“ од Шведска. – Досега ни наметнуваа толку санкции, а тие на одреден налин имаа позитивен ефект на нашата економија и земјоделие – рече дипломатот на одличен шведски јазик.

Тој рече дека Русија го зголемила извозот откако Западот почна да им воведува санкции.

– Новите санкции не се позитивни, но не се ни лоши како што ги претставува Западот. Колку повеќе притисок се врши на Русија, толку посилен ќе биде рускиот одговор – додаде тој.

Вашинтон се плаши од инвазија и укажува на тоа дека Москва поставил повеќе од 100.000 војници близу украинската граница и почнала воени маневри во Црното море и во Белорусија на тој начин опкружувајќи ја земјата.

Но, Татаринцев ги убедуваше новинарите во спротивното – дека Русија сака да избегне војна.

 

Извор: 24sata.hr

фото: www.mtvuutiset.fi