„На сите кои сакаат да умрам, ќе им се помочам на гробот“ – Аца Лукас шокираше по излегувањето од болница – ММС
ММС

Објавено на: 02/13/22 1:44 PM

„На сите кои сакаат да умрам, ќе им се помочам на гробот“ – Аца Лукас шокираше по излегувањето од болница

Српската фолк-ѕвезда Аца Лукас неодамна беше примен во Ургентниот центар и поради здравствената состојба беше задржан во болница. По излегувањето од болница рече дека ќе биде посветен на песната со која ќе се појави на изборот за Песна на Евровизија и здравиот живот.

– Добро сум, бев на прегледи оти ме болеа желудникот и црниот дроб. Дефинитивно престанав да пијам. Имав киселини, но сега добар сум. Јадам овошје. Што значи здраво да се хранам? Да јадам житарки како канаринец? Тоа нека го јадат другите. Јас нема да јадам јагнешко, но ќе јадам зеленчук – откри тој.

Аца Лукас рече дека обожавателите на неговата музика е загрижиле за неговата здравствена состојба, но имало и такви кои му посакувале смрт.

– Имаше и доста од оние кои ме закопаа. Сега им беше шансата. Добро, мислам дека нив желбата секако ќе им се исполни, но тоа нема да го доживеа, за жал. На сите кои ми посакуваат да умрам ќе им се помочам на гробот – порача Лукас.

Тој во истиот тон рече дека не го интересира кој ќе му дојде на погребот.

– Не мора никој да дојде. Кога ќе умрам може да ме фрлите во канта за ѓубре, исечете ме на парчиња и ставете ме во замрзнувач. Така ќе може да ме фрлите во море или на лавовите. Но, тоа откако ќе умрам, а додека сум жив, одете по ѓаволите, пуштете ме да живеам како човек.

Извор: Mondo.rs