Резервирајте на време: Петра ќе ви глуми девојка за 2.800 денари, а за 150 евра ќе биде адвокатка пред вашите родители – ММС
ММС

Објавено на: 02/13/22 12:30 PM

Резервирајте на време: Петра ќе ви глуми девојка за 2.800 денари, а за 150 евра ќе биде адвокатка пред вашите родители

Инфлуенсерка, модел и студентка по медицина од Хрватска, Петра Мештриќ, направи хаос на социјалните мрежи откако на Инстаграм објави дека во замена за пари на машките ќе им глуми дека им е девојка за 14 февруари, Денот на вљубените, а напиша и детален ценовник.

„Ова не е шега за Св. Валентајн. Ќе глумам ваша девојка за Денот на вљубените пред вашето семејство и пријатели (хонорарно). Резервирајте на време“, напиша Петра во описот на фотографијата на која се испишани и цените.

„Шетање чини 1.500 денари, шетање плус држење за раце е околу 2.800 денари, вечера е околу 4.000 денари, ручек со вашите родители плус приказна дека сум адвокатка, полицајка е 9.000 денари, јавно глупирање како што е врескање пред зградата дека те сакам е 200 евра“, додаде Петра.

Нејзината идеја насмеа многумина кои и порачаа дека тоа е генијална идеја, а таа рече дека својот оглас го објавила на групата „Барам студентска работа“.

– И благодарам на групата „барам студентска работа“ што го отстрани мојот пост кој имаше за цел да ги насмее луѓето – рече Петра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petra Mestric (@petramestricpm)

Извор: Mondo.rs

Фото: Instragram