Облачно со сонце и дожд, така се до крајот на неделата – ММС
ММС

Објавено на: 02/13/22 9:46 AM

Облачно со сонце и дожд, така се до крајот на неделата

Времето денес, а и целата наредна недела ќе биде променливо, информираат од УХМР.

Денес  ќе биде променливо, попладне сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб дожд. Ќе дува слаб ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Во Скопје претпладне облачно, попладне со сончево со температура до 9 степени.
Во среда ќе има слаб локален дожд, но кон крајот на неделата дневната температура ќе биде во пораст.

Во Македонија утрово само три места се разбудија со температура под нула. Најстудено, со 4 степени под нула на Попова Шапка, во Маврово (-2) и во Дебар (-1).

Најмногу снег, 30 сантиметри има во Мавров, 22 на Попова Шапка.