Министертвото за информатичко општество и администрација ќе плати над еден милион евра за одржување на Националниот портал за е-услуги во наредните три години.
Договорот го добила фирмата „Некстсенс“ од Скопје. Склучен е на 13 јануари гoдинава, а го потпишал претходниот министер во МИОА, Јетон Шакири, кој сега е во ресорот образование. Или МИОА за годишно одржување на националниот портал, кој никогаш не профункционира комплетно и на кој граѓаните имаат само малку опции за електронски да добијат документи, ќе плаќа по 350.000 евра само за оджување.
Па така за услугата за превентивно и реактивно одржување е предвиден месечен паушал од над 83.000 евра без ДДВ, кој компанијата треба да го добива во наредните 36 месеци. Потоа за работен час за услугата за адаптивно одржување за што се пресметани 7.000 часови-МИОА ќе плати вкупно 370.000 евра без ДДВ. За услугата продолжување на поддршка на софтверските продукти и HCM уредите МИОА ќе плати над 83.000 евра без ДДВ, а за продолжување на поддршката на хардверските уреди над 276.000 евра без ДДВ.
Услугата пак за поддршка и одржување на софтверските лиценци за електронско потпишување чини речиси 154.000 евра со ДДВ.
(А.С.)