(Видео) Сите бегале од куршумите – Пукање по настап на Џастин Бибер, гости биле Безос, сестрите Кардашијан, Ди Каприо – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/22 11:53 PM

(Видео) Сите бегале од куршумите – Пукање по настап на Џастин Бибер, гости биле Безос, сестрите Кардашијан, Ди Каприо

Пукање имало по настапот на Џастин Бибер, а според полицискиот извештај три лица биле застрелани, а едно лице е повредено.

Петнаесет минути пред три часот настанала тепачка пред шанкот, по што се слушнале истрели. Според полицијата испукани се вкупно 10 куршуми.
Сите повредени се згрижени во болница и нивната состојба е стабилна, а напаѓачот се уште е во бегство.

Настапот на Бибер, кој го најавува Супербол викенд, привлече големо внимание кај познатите личности, меѓу кои неговата сопруга Хејли Бибер, Леонардо ди Каприо, Дрејк, Амбер Роуз, Лил Бејби, сестрите Клои и Кендал Кардашијан, како и Џеф Безос и неговата партнерка.

Извор: b92.net

Фото: Принтскрин