Ангела Меркел: Без било каква закана, прифаќање односно спроведувањето на договорот – ММС
ММС

Објавено на: 09/8/18 11:38 AM

Ангела Меркел: Без било каква закана, прифаќање односно спроведувањето на договорот

По денешната прес конференција со Заев, Меркел беше прашана што ако Македонија не го поддржи референдумот – дали тоа значи дека на нашата земја и’ се заканува изолација ако македонските граѓаните не сакаат да го сменат името.

„Јас не сум за закана, вие како граѓани можете и треба да одлучите за вашата земја, иднината би можела да биде ако гласатае на референдумот да станете дел од НАТО и семејството од ЕУ. Одредени услови треба да се исполнат, односно сите членки да се решат за тоа инаку немаше да има членство во НАТО, без решение на ова прашање. Сите земји членки треба да гласаат, ако прашањето не е решено нема да гласаат. Сега може да гласаат, дали да припаѓате кон семејството на ЕУ и НАТО и тоа е прифаќање односно спроведувањето на овој договор без било каква закана, изјави Меркел.