„Се плашев кога се смиривме, но сфативме дека сме среќни заедно“ – Џенифер отвори душа за љубовта со Бен Афлек – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/22 9:35 PM

„Се плашев кога се смиривме, но сфативме дека сме среќни заедно“ – Џенифер отвори душа за љубовта со Бен Афлек

Пејачката и актерка Џенифер Лопез и холивудскиот актер Бен Афлек беа во врска од 2002 до 2004 година, се свршија, па се подготвуваа за венчавка, а потоа само објавија дека се разделуваат.
И двајцата ги продолжија животите, се венчаа, добија деца, а сега после 17 години повторно започнаа романса и уживаат во љубовта.
Џенифер беше гостинка во шоуто со Елен Деџенерис и проговори за нивното помирување.
– Мислам дека никој не беше поизненаден од нас двајцата. Никогаш не помислив дека може да се случи такво нешто, прекрасно – рече таа и призна дека повторно е заљубена во Бен.
Таа откри дека се плашела на почетокот на врската бидејќи претпоставувала дека целото медиумско внимание ќе биде насочено кон нив.
„Двајцата сфативме дека сме среќни заедно и дека не сакаме да дозволиме нешто такво повторно да ни ја уништи врската. Денес сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство и сме во различни фази од животот отколку што бевме тогаш. Имаме деца и нашите вредности се сменија. Го сакам фактот што се изгледа сосема поинаку отколку кога бевме заедно за прв пат. Повеќе се цениме, навистина е убаво заедно, рече Лопез.

Извор: espreso.co.rs

Фото: kuris.rs