И покрај забраната маршираа бугарските неонацисти во чест на генералот Луков – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/22 8:43 PM

И покрај забраната маршираа бугарските неонацисти во чест на генералот Луков

По налог на градоначалничката на општина Софија, Јорданка Фандакова, прекинато е одржувањето на „Луковмарш“, што секоја година се одржува во чест на Христо Луков, генерал и министер за војна, кој го предводел националистичкиот Сојуз на бугарските национални легии (УБНЛ), организација која во голема мера ја поддржува нацистичката идеологија.
Денеска собраните во негова чест под силно полициско присуство отидоа на улицата Тракија, каде што има спомен плоча.
Софиската општина и овој пат ја забрани поворката со факели, но таа беше укината од Управниот суд. Собирот беше осуден од амбасадите на САД и Изреал.
-Амбасадата на САД дава целосна поддршка на бугарското Министерство за надворешни работи, кое се спротивстави на церемонијата организирана во спомен на генерал Христо Луков. Амбасадата на САД изрази поддршка за сојузниците и партнерите од дипломатската заедница, граѓанското општество и политичките партии во Бугарија, кои ја осудија идеологијата на омраза и нетрпеливост, што ги симболизира маршот.
Неопходно е сите да се обединат против омразата, антисемитизмот и повиците на насилство, се наведува во соопштението на Американската амбасада во Софија под хаштагот #NoHate.
Амбасадата на Израел во Бугарија силно го осуди Луковмарш одржан во центарот на Софија, и покрај напорите да се спречи тоа, соопшти дипломатската мисија.
„ Луковмарш е неонацистички марш во чест на личноста која промовираше антисемитизам, ксенофобија и говор на омраза . Правото на слобода на говор не го вклучува правото да се продолжат акциите насочени кон поттикнување омраза и страв“, додаваат од амбасадата.
Од 2003 до 2019 година, екстремно десничарскиот Бугарски национален сојуз беше домаќин на годишниот „Луков марш“ за комеморација на „паднатите херои на Бугарија“ со марш со факел, што се одржа во февруари во Софија. Упорно предизвикуваше контроверзии и беше предмет на повеќе судски забрани. Во 2020 година, Врховниот управен суд ја потврди забраната на општина Софија, така што вечерната поворка беше откажана. Помалку од 200 приврзаници на Луков сè уште се собраа на положување венци во куќата во која беше убиен Луков. Над сто луѓе се собраа на контрапротест во центарот на Софија претходно истиот ден, промовирајќи „Нема нацисти на улиците”. Во февруари 2021 година, градскиот суд во Софија објави дека нема докази кои докажуваат дека генералот Луков бил нацист или антисемит. И покрај неодамнешната забрана, луѓето продолжуваат да се собираат и да му оддаваат почит на споменот на генералот додека маршот прогресивно растеше во текот на годините.

фото: Луковмарш 2021