Напаѓачот на „росонерите“, Златан Ибрахимовиќ реши деновиве малку да го „прошета“ својот метален миленик по улиците на Милано. Непотребно е да се каже, тој едноставно не можеше да остане незабележан со златното Ферари SF90 Stradale, со кое се почести лани за роденденот на 3 октомври. Ферарито на Ибрахимовиќ е едно од 499-те од оваа серија во светот. Има дури 986 коњски сили, а специфичен е по тоа што е хибрид. Силата од 769 „коњи“ ја дава бензинскиот турбо мотор, а останатите 217 „коњи“ доаѓаат од три електрични мотори! И да, чини 450.000 евра. Сите примероци се одамна нарачани и резервирани. А што ја прави специфична копијата на Златан? Па, секако златната боја!
Happy Birthday to Zlatan pic.twitter.com/ehYosTnwSR
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) October 3, 2021