Заврши разговорот Бајден – Путин, додека се’ повеќе земји ги повикуваат своите граѓани да заминат од Украина – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/22 7:36 PM

Заврши разговорот Бајден – Путин, додека се’ повеќе земји ги повикуваат своите граѓани да заминат од Украина

Точно 62 минути траел телефонскиот развор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден. Како што соопшти Белата куќа тема на разговорите била украинската криза.  Пред разговорите на високо ниво, меѓусебно комуницираа шефовите на секторите за надворешна политика и одбрана на двете земји.

Последен пат Путин и Бајден телефонски разговарале кон крајот на минатата година. Покрај тоа, на почетокот на декември имаа преговори во формат на видео конференција.

Контактите се одвиваат на позадината на изјавите на западните политичари и новинари за наводните планови на Москва за ескалација на ситуацијата околу Украина.

Така, весникот Политико, повикувајќи се на „информирани извори“, напиша дека Бајден, на состанокот со лидерите на западните земји, Европската унија и НАТО , одржан претходната вечер преку видео врска, рекол дека датумот на руската „инвазија“ на Украина е 16 февруари.

Во меѓувреме, повеќе европски земји, меѓу кои и нашата,  ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина, додека има комерцијални летови.