(ВИДЕО) Кривични пријави и затвор за сите директори и менаџери ако не ги покачат платите бара ССМ – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/22 6:55 PM

(ВИДЕО) Кривични пријави и затвор за сите директори и менаџери ако не ги покачат платите бара ССМ

Во технолошко индустриските развојни зони странските инвеститори не се расположени за синдикално организирање, иако има аномалии со работните часови и прекувремената работа.

-Но, нашето искуство вели дека за тоа не се виновни странците, затоа што во Европа тоа е пракса и потреба што ја бараат самите сопственици, туку поради нашите локални кадри-директори и менаџери. Тие им велат на сопствениците баталете синдикат, дајте ни на нас високи плати, а работниците нема кај да одат ќе работат за толку колку што ќе им кажеме. Во моментот синдикални организации има само во две странски компании „Кемет“ и „Адиент“, вели Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.
Димовски се закани со кривични пријави за сите раководни лица, директори и менаџери во јавниот и во приватниот сектор, кои нема да ги усогласат платите на вработените според законот и колективните договори соодветно на покачувањето на минималната плата.
– Ние ќе пуштиме писма до сите институции и компании со информација за законската обврска, доколку не следува усогласување ќе пуштиме кривични пријави па нека одат во затвор. Краен чекор кој не го исклучуваме е генерален штрајк, блокирање на судови, институции, компании, улици…А дека не бараме леб преку погача и дека имаме чувство за актуелните економски кризни состојби, еве прифаќаме наместо врз основа на коефициентите на сложеност платите да се усогласат со линеарен износ колку што е покачена минималната плата за сите вработени – рече Димовски во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.