Европските земји почнаа со укинување на анти-ковид мерките – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/22 5:01 PM

Европските земји почнаа со укинување на анти-ковид мерките

По Шведска и Норвешка најави дека ќе ги укине  сегашните ограничувања за корона вирусот, Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор, изјави дека инфекцијата со корона вирус веројатно нема да претставува сериозна закана за здравјето на луѓето. Норвешка почна со укинувањето на мерките уште на 1 февруари. 

Премиерот Сторе на прес-конференција објави дека ќе бидат отстранети речиси сите ограничувања. Тој додаде дека омикрон не е сериозна закана и населението е добро заштитено благодарение на вакцините. Данска прва ги укина сите мерки, чие население во 80% е вакцинирано против Ковид. 

Во меѓувреме, британскиот премиер Борис Џонсон оваа недела објави дека планира да го исполни барањето за самоизолација на граѓаните.

Во Швајцарија се укинати мерките за држење растојание, зелените сертификати и ограничување на бројот на луѓе на едно место. Од 1 април, во оваа земја, болеста Ковид ќе се смета за болест која не е опасна за населението и јавното здравје.  Во Швајцарија, како и во Данска, висок е процентот на вакцинирано население и изнесува 73%.