Меркел: Ако има големо учество на референдумот, јас ќе се залагам за уште поголемо – ММС
ММС

Објавено на: 09/8/18 11:33 AM

Меркел: Ако има големо учество на референдумот, јас ќе се залагам за уште поголемо

Германската канцеларка одговараше и на новинарски прашања кои беа упатени до неа. На прашањето дека има најавена посета со лидерат на опозицијата, што е она што таа ќе разговара со него  и дали е предвидена средаба со претстателот, Меркел одговори дека нема да има средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. А со опозицијата односно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе одржи средба и ќе разговара за она што го соопштила на прес конференцијата, односно за одлучни прашања.

Одговарајќи на новинарско прашање што доколку не помине референдумот,   Меркел изјави дека денес се зборува за позитивен исход, за поголемо учество на овој референдум, а ако има големо таа нагласи дека ќе се залага за уште поголемо.

„Не може да се замараме, што ако не биде успешен“, изјави истакна канцеларката додавајќи:

„Имаме голем интерес за стабилен регион, клучно е за стабилноста, јас самата верувам дека територијалниот интегритет на регионот да остане таков каков што е и сите да имаат соработка кога ќе бидат во ЕУ“.