Објавено непрекинато дежурство на еколошките инспектори – ден и ноќ достапни на граѓаните за надзор – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/22 4:01 PM

Објавено непрекинато дежурство на еколошките инспектори – ден и ноќ достапни на граѓаните за надзор

Државниот инспекторат за заштита на животната средина објави деноноќно дежурство. Како што соопшти Инспекторатот, сите државни инспектори по завршување на работното време 8.30-16.30 часот се во т.н пасивно дежурство за реализација на вонредни инспекциски надзори во текот на останатиот дел од денот и ноќта доколку се јави потреба.

Во исто време, на граѓаните им стави на раполагање директен линк за Е-претставки преку Интернет страницата на ДИЖС: http://sei.gov.mk/page_mk.asp?ID=12

-Претставки може да се доставуваат и по пат на опцијата Месинџер преку Фб профилот на ДИЖС. Сите претставки што не се во ингеренции на ДИЖС се препраќаат на надлежен орган, односно подносителот ќе добие навремен одговор со насоки за постапување, објави ДИЖС.

Доколку нема реакција, граѓаните можат да се пожалат со претставка до Инспекцискиот Совет доколку за постапување/непостапување на инспекциски орган на централно/локално ниво од сите области. Линк: https://is.gov.mk/cases/

Додека надзор над работењето на сите инспекциски служби врши Државен Управен Инспекторат.

Со цел побрза комуникација, ДИЖС објави листа на контакти од одговорните лица во Инспекторатот.