Јавен потсмев со дел од новите заменици министри кои напишале дека знаат да работат со интернет пребарувачи – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/22 1:28 PM

Јавен потсмев со дел од новите заменици министри кои напишале дека знаат да работат со интернет пребарувачи

Имињата на Даим Лучи и Љуљзим Алиу можеби немаше така брзо да стана познати на пошироката македонска јавност, доколку не беа споделени делови од нивните биографии, со кои се најдоа за потврда пред македонското Собрание.

Новиот заменик министер за култура Даим Лучи, во делот за вештини во неговата биографија навел дека знае да работи во интернет пребарувачите „Google Chrome“, „Opera“ и „Firefox“, што предизвика јавен потсмев.

Неговиот колега, заменик министер во Министерството за образование и наука, Љуљзим Алиу покрај тоа што знае да работи со пребарувачите, напишал дека  од компјутерски вештини знае уште да пребарува на интернет, да пишува во Ворд, но знае и во Пауер Поинт и Ексел. На новинарско прашање, Алиу вели дека знае толку колку што му треба, бидејќи тој не компјутерџија, туку лингвист.

-Ги поседувам основните вештини на технологијата и информатиката. Она што го знам, го напишав. Јас не сум информатичар, јас сум лингвист, одговорил Алиу на прашањата на ТВ 21.

Сите биографии на новите заменици министри можат да се најдат овде.