Судската администрација зема плата помала од прифатената минимална плата од 18.000 денари. Претседателот на УПОЗ, Трпе Дејаноски во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека платата на помлад референт е 14.500 денари, поради тоа што системот на пресметка на плата на администрацијата е различен од таа во Правосудство и се пресметува врз основа на бодови. Стручните соработници кои ги пишуваат пресудите, а судиите само ги потпишуваат, земаат 23.000 денари почетна плата.
-Ќе биде проблем и кога ќе се донесе законот за минимална плата за вработените во судската администрација, чисто се сомневам дека референтите и техничките вработени ќе добија 18.000 денари, рече Дејаноски.
Според Дејаноски, овие вработени треба да тужат, но се плашат дека ќе го изгубат работното место, бидејќи најголем проблем е што првите луѓе институции лично го сфаќаат тоа дека одат против нив со тужбите.
-Поради ниските плати секојдневно пропаѓаат огласите за работа на кои никој не се јавува. Не сакаат да работат за 15.700 денари, колку што е палатата на дактилографите. Во огласите се бара ИТ администратор со почетна плата од 22.633 денари. Почетна плата на архитект во општините е 22.630 денари. Затоа две општини во Скопје, нема да ги именувам, делат ист архитект и два дена е во една општина, три дена во другата, рече Дејаноски во „Стадион“.
Како што рече претседателот на УПОЗ, единствено судската полиција испливува од тој лош просек со додатоците на платата.