На почетокот на емисијата „Стадион“ на Канал 77, првиот човек на ССМ, Дарко Димовски беше прашан дали знае како е да се работи во реалниот сектор во производството и некогаш во животот работел. Димовски рече дека не само што знае, туку почнал да заработува од својата 17-та година.
-За сите тие душегрижници да кажам дека работам од својата 17-та година, јас сум дете од семејство со еден стечаен работник. Од келнер, шанкер, вециња сум чистел и тоа не ми срам да кажам пред целата македонска јавност. Сум работел како инкасатор, чувар, оператор на пумпна станица, се’ до завршување на факултетот и ангажманот во синдикатот. Знам како е да се работи како општ работник и во приватниот и јавниот сектор и затоа идеолошки се определив да останам на страна на работниците. А завршив факултет и можев да работам како директор, рече Димовски.
Во емисијата „Стадион“, во која тема е минималната плата, гостин е и претседателот на УПОЗ, Трпе Дејаноски, кој е адвокат по професија.
-Од 19-20 годишна возраст работев се’ што можев – дали било келнер, шанкер на концерти, преведувач на проект на Светска банка, завршив Правен факултет, положив правосуден испит, приправник адвокатски, адвокат, па во Синдикат, одговори Дејановски, кој додаде дека по убедување е левичар.