Британскиот премиер Борис Џонсон од Метрополитен полицијата во Лондон добил прашалник за истрагата за наводите за забави во неговите канцеларии во „Даунинг стрит 10“ со што се прекршувале правилата за локдаун, јави ДПА.
„Даунинг стрит 10“ синоќа потврди дека премиерот ги добил правните прашања од полицајците на Метрополитен, и соопшти дека „ќе одговори на се што се бара“.
Овој потег значи дека Џонсон ќе мора да даде веродостојна причина зошто бил на настани одржани за време на ограничувањата на коронавирусот или ќе се соочи со парична казна.
Портпаролот на премиерот кажа дека „можеме да потврдиме дека премиерот го добил прашалникот од полицијата во Метрополитен. Тој ќе одговори како што се бара“.
Германската агенција потсетува дека премиерот Џонсон се најде под зголемени напади во последниве недели поради гневот на јавноста и пратениците предизвикан од извештаите дека биле организирани повеќе забави на „Даунинг стрит 10“ и тоа во време кога сите Британци беа повикани да избегнуваат социјален контакт со цел да се запре ширењето на коронавирусот.
МИА