Овој гест е многу инспиративен за нас за просперитетно општество, ова е поттик, оваа посета е потврда дека големите сили доселедно ја поддржуваат Македонија во договорот со Грција. Заев длабоко ја цени посетата на Меркел и поддршката на Сојузна Република Германија, а наше е да ги интензивираме реформите, охрабрени сме да го направиме историскиот исчекор, изјави Заев во неговото обраќање на прес конференцијата.
„Се радувам што денес сум во посета на Скопје и на ваков посебен ден, да ви честитам на вашиот празник Денот на независноста и се радувам што веќе 25 години имаме дипломатски односи, интензивни и успешни. Окол 100 000 ваши жители живеат кај нас но поважна е интензивната економска размена со нас. Германските претпријатија имаат доверба во вашата земја и вашите луѓе но тоа покажува и дека треба да се продлабочат врските. Не зборуваме само за билатералните односи, туку она што ќе се случи на 30 -те септември, референдумот. Можност да се отворат вратите и да бидете дел од евроатланткото семјство, но предусловот е да има успешен референдум на 30 септември, не сакам да се мешам во одлуката на вашите граѓани, но ова е историска шанса.
На премиерот Заоран Заев и грчкиот премиер, тука е улогата и на Бугарија, на Борко Борисов да им честитам за нивната политичка храброст што најдоа решение.
Во 2014 го почнавме Берлински процес, основавме и младинска организација и да има ја подобриме перспективата на младите, 25 милиони евра ќе дадеме, ќе испратиме советник на економски прашања за да ја поддржиме Македонија. Се на се многу блиска соработка, пријателска соработка и сега постои надеж да станете дел од семејството на ЕУ и НАТО“, вака изјави Ангела Меркел на денешната прес конференција и официјална посета на Скопје.