Никол Шерцингер со години важи за една од најубавите жени на светот, а многумина и се восхитуваа поради нејзиниот сосема природен изглед.
Меѓутоа, работите се сменија, а таа не одолеа на трендот да оди кај пластичен хирург. Иако многумина би помислиле дека не и треба никаква корекција, таа нашла неколку маани на лицето и решила да ја поправи.
Таа почнала со ботокс за затегнување на лицето и отстранување на брчките кои почнале да се појавуваат. Судејќи по насмевката на нејзиното лице, таа е задоволна од оваа промена, додека нејзините обожаватели се разочарани.
На социјалните мрежи веќе се појавија негативни коментари.
“Навистина не и требаше ова. Таа стана пластична кукла од таква убавина”, “Ако најубавата жена на светот може да си најде мани, што да кажеме”, “Таа ми беше симпатична бидејќи негуваше природен изглед. Ова сега изгледа ужасно“, можеше да се прочита меѓу другото.
Извор: Стил.курир.рс
Фото: Профимедиа