Имала секс во тројка за роденденот на сопругот па го оставила поради девојката со која биле во кревет – ММС
ММС

Објавено на: 02/11/22 3:32 PM

Имала секс во тројка за роденденот на сопругот па го оставила поради девојката со која биле во кревет

Сопруга и мајка на две деца, Тереса Роуз (36) од САД тврди дека секогаш била несреќна, но не знаела зошто. Откако организирала секс во тројка за роденденот на својот сопруг ја открила вистинската причина.

По сексот сфатила дека е геј и тоа ја натерало да се разведе од сопругот и да почне врска со истата жена, Жаки Метл, само три недели подоцна.

– Кога доживеав интимна интеракција со жена по првпат, физичката и емоционалната поврзаност беа многу интензивни. Откако бев со жена, си рекоб себеси: Ете зошто си била несреќна во  бракот. Мојот однос со сопругот беше емоционално плиток и се чувствував осамено во споредба сега кога сум во врска со жена – изјави Роуз.

Таа е пораснар во строго католичко семејство и од мали нозе и говореле дека сите хомосексуалци одат во пеколот. Затоа и ги криела своите емоции кон жените, се додека не можела повеќе да негира.

Сопругот на Роуз не ја поддржал во тоа кога му признала што е. Им раскажал на сите и најголемиот дел од пријателите и семејството не ја прифатиле добро веста што Роуз ја довело до депресивна состојба во која размислувала и за самоубиство.

Но, тогаш почнала да се дружи со Жаки за која Роуз вели дека и го спасила животот. Заедно се една година, а оттогаш се преселиле од Калифорнија во Орегон за да ги пораснат синовите на Роуз. Честопати објавува видеозаписи за својот живот на ТикТок каде што има повеќе од 100.000 следбеници.

Извор: 24sata.hr

Фото:  screenshot TikTok