Здравко Чолиќ долги години ужива во хармоничен брак со сопругата Александра со која има две ќерки Уна и Лара, но ретко кој знае дека пејачот бил лудо вљубен во една актерка.
Имено, Јасна Орнели Бери била првата љубов на Чола, а се запознале во раните седумдесетти години во Сараево и се родила љубов на прв поглед.
За нив тогаш се зборуваше дека нивната љубов е голема и искрена, а за оваа епска љубов зборува и самата Јасна, но после 47 години:
– Се запознавме многу млади, многу одамна. Одевме во Скендерија, во Домот на млади, каде се собираа таленти, а имаше, не само музичари, туку и актери, сликари… Се дружевме. И таму се заљубив за прв пат. Сите ние имаме први љубови и секогаш ќе има еден дел во моето срце кој е резервиран само за него. Посебно затоа што имав прекрасно искуство кое ќе го паметам цел живот – истакнала актерката за еден босански медиум.
Јасна рече дека првпат по раскинувањето се сретнале во Белград, по војната: – Беше тоа многу емотивна средба. Здравко е личност која шири позитивна енергија. Тој го има она нешто. И сега после толку години, успеа да го задржи. Тој е добар човек. Го сакав неговиот нерв, таа искра во окото што не престанува да зрачи – рече тогаш Јасна и продолжи: – Тоа сè уште е љубов која не можеш да ја помилуваш и да ја држиш за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј. Пред се, тој е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноќта ми те должи“ – заклучила таа, пренесува Објектив.
извор: Republika.rs
фото: Pink.rs