Минималната плата важи и за приватниот и за јавниoт сектор, објасни Ковачевски – ММС
ММС

Објавено на: 02/11/22 12:08 PM

Минималната плата важи и за приватниот и за јавниoт сектор, објасни Ковачевски

Сите работодавачи, без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор, се должни да го почитуваат спроведувањето на Законот за минимална плата, а секое непочитување треба да се пријават во надлежните институции, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Според него, овој Закон важи за сите работници во државата и во однос на неговото спроведување нема разлика дали станува збор за државна институција или за приватен сектор.
-Ова прашање беше поставено и на економско социјалниот дијалог. Таму беше присутна министерката за труд и социјална политика која нагласи дека треба да се пријавуваат непочитувања согласно со законските одредби и колективните договори, рече Ковачевски, во одговор на новинарско прашање- зошто државата не го почитува Законот во однос на скалестото зголемување на платите во однос порастот на минималната.
Минималната плата од 18.000 денари, според него, е историски исчекор, бидејќи, е воведена и нова методологија која гарантира одржливост и континуиран расат на платата, сразмерно со покачувањето на продуктивноста на трудот.
-Учество во зголемувањето на минималната плата од 50 проценти има порастот на цените, а 50 проценти растот на просечната плата во државата, што имплицира на зголемување на продуктивноста на трудот. Сите други плати се предмет на колективно договарање меѓу социјалните партнери, гранкови синдикати, репрезентативни синдикат и соодветните институции без разлика дали се државни или приватни, изјави Ковачевски на настанот по повод официјалното пуштање во употреба бројот за итни случаи 112.