Прв настап на Анастасија во Париз, подготовки на кои може да и позавидат светски ѕвезди – ММС
ММС

Објавено на: 02/11/22 10:54 AM

Прв настап на Анастасија во Париз, подготовки на кои може да и позавидат светски ѕвезди

Анастасија наголемо се подготвува за својот прв настап кој ќе го има во Париз, а светските ѕвезди можат да и позавидат на третманот што за неа го подготвија организаторите на настапот. Деталите се неверојатни.
– Анастасија ќе престојува во хотел кој е познат како еден од најлуксузните во Париз, каде ќе добие еден од најголемите апартмани, кој гледа на Ајфеловата кула. Станот има две спални соби, две купатила, џакузи када и голема тераса. Таа ќе има и личен возач кој ќе и биде на услуга 24 часа за време на престојот во француската престолнина – изјавил за „Телеграф“ добро упатен извор.
Со Анастасија, целиот тим на луѓе со кои работи ќе замине во Франција, од ПР, до фризери и стилисти кои ќе бидат сместени во хотелот каде што е таа.
Цеца, нејзината мајка, поради деловни обврски, нема да присуствува на првиот настап на нејзината наследничка. Истиот ден таа ќе има патување до Копаоник, поради што не е изводливо да оди со неа на пат.

Извор: blic.rs