Сонцето ни се насмевнува – Убави вести од УХМР – ММС
ММС

Објавено на: 02/11/22 8:22 AM

Сонцето ни се насмевнува – Убави вести од УХМР

Убави вести доагаат од УХМР, а тоа е дека денес ќе имаме прекрасен ден. Времето ќе биде сончево и топло, со слаб ветер. ТМаксималната температура ќе достигне до 16 степен.

Во Скопје се очекува исто време со температура до 11 степени.

Во деновите пред нас следува период на променливо облачно, малку посвежо со слаб дожд, а на планините слаб снег и северен ветер

Најстудени градови утрово се Битола и во Берово со – 6 степени, Струмица  -5, во Скопје-Петровец и Претор -4, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија -3, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Охрид, Гевгелија -2. Во Виница и Дојран се измерени нула.
Најмногу снег има во Маврово- 33 сантиметри, Попова Шапка 24, додека Крушево 18 сантиметри.

(В.М.)

Фото: Freepik