Исцелител и заковал шајка во челото на трудница – И ветил машко дете – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/22 10:39 PM

Исцелител и заковал шајка во челото на трудница – И ветил машко дете

Верски исцелител и заковал во глава шајка на бремена жена во Пакистан бидејќи тврдел дека тоа ќе гарантира дека ќе роди момче, иако била бремена со девојче. Жената пристигнала во болницата Лејди Ридинг во градот Пешавар со забиена шајка во горниот дел од челото, откако верскиот исцелител рекол дека ќе се погрижи да роди момче.

Таа на почетокот на болничкиот персонал му кажала дека сама ја заковала главата по совет на исцелителот, за подоцна да признае дека тој го извршил чинот. На трудницата, која веќе има три ќерки, лекарите рекле дека ќе добијат уште едно девојче.

Одлучила да го посети верникот откако сопругот и се заканувал со развод доколку не успее да роди момче, пренесува Geo News. Д-р Хајдер Кан изјави дека трудницата пристигнала во болница откако се обидела да извади клинец со клешти.

Рентгенот покажал дека шајката го пробила врвот на челото на жената, но го промашила мозокот. Д-р Кан рече дека чекан или друг тежок предмет бил користен за забивање на клинецот.

Полицијата во Пешавар соопшти дека службениците за поддршка на жртвите добиле инструкции да се сретнат со жената за да се обидат да ги откријат деталите за инцидентот. Тие додаваат дека против инволвираните „ќе се покренат правни постапки“.

Експлоататорските исцелители, чии практики се вкоренети во суфизмот, се вообичаени во Пакистан со мнозинско муслиманско население и покрај неодобрувањето на некои исламски училишта. Во Јужна Азија често се верува дека синот им нуди подобра финансиска сигурност на родителите отколку на ќерките.

Извор: Мондо.рс

Фото:  SHUTTERSTOCK