Провокативна и во бременоста – Ријана направи „бум“ со новите фотографии – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/22 9:16 PM

Провокативна и во бременоста – Ријана направи „бум“ со новите фотографии

Поп ѕвездата Ријана неодамна ги потврди неколкумесечните шпекулации дека е бремена, а сега на Инстаграм објави провокативна фотографија на која во преден план е нејзиниот труднички стомак.

Таа на споменатата социјална мрежа објави неколку фотографии на кои позира во провокативна црна модна комбинација.

Популарната Рири овој пат избра необична маичка која е целосно „скината“ на средина, па нејзините бујни гради, но и трудничкиот стомак беа во прв план.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

„Црно од глава до пети“, напиша Ријана во описот на објавата која собра над шест милиони лајкови.

Пејачката минатата недела потврди дека го чека своето прво дете, со американскиот рапер Асап Роки.

Парот беше фотографиран за време на викендот во Њујорк, каде Ријана за прв пат го покажа трудничкиот стомак.

Извор: Нова.рс

Фото: Профимедиа