Сообраќајна несреќа со смртен исход се случи пред малку на експресниот пат Штип-Радовиш. Несреќата во СВР Штип била пријавена во 14:39 часот.
Во несреќата учествувале две возила. Едно лице од едното возило е починато, а во другото возило има повредени лица, но засега не се знае колку лица имало во возилата.
Од СВР Штип информираат дека екипи се на терен и увидот е во тек. Дополнителни информации најавуваат за подоцна.
Експресниот пат Штип-Радовиш сега е во прекин, а возилата се пренасоуваат по магистралниот пат.