Штипската Национална установа-Центар за култура „Ацо Шопов“ годинава доби проекти во вредност од над 8,5 милиони денари. Директорот на установата вели дека ова е благодарение на тимот кој работел на проектната документација, а сумата е три пати поголема од минатата година кога тој дојде на раководното место.
– Она што е многу важно да се знае е дека оваа сума од 8.660.000 денари опфаќа и инвестиции во НУЦК „Ацо Шопов“ во вредност од 40 илјади евра (2.440.000 денари). За прв пат по 40 години ќе се санираат санитарните чворови, ќе се молерисува фасадата, ќе поставуваме ламинати, подови и ПВЦ винилни плочи, информира директорот Горан Трајков.
Освен ова добиени се средства и за набавка на светлосна и тонска опрема, а се планира овој проект да се заврши до почетокот на месец мај.
Трајов спомена дека ланската година НУЦК имал буџет од 3.050.000 денари, а кога дошол на функцијата затекнал долг од 938.216 илјади денари. Овој долг бил наталожен од 2017 година, дел за судски спорови, дел за ангажирани актери, репрезентациски трошоци и сл.