14 дена затвор за поранешниот дипломатски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џорџ Пападопулос. Тој е осуден поради лажно сведочење во истрагата за можна соработка меѓу Москва и тим кој бил задолжен за кампањата на републиканскиот кандидат.
Покрај затворската казна тој доби и парична казна од 9.500 долари и една година условна казна со извршување работни обврски за општо добро.
Пападопулос во октомври 2017 година се изјасни за виновен за лажно сведочење во ФБИ.