Му било здодевно и со пенкало си цртал очи на слика вредна 1,4 милиони долари – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/22 3:11 PM

Му било здодевно и со пенкало си цртал очи на слика вредна 1,4 милиони долари

Досадата може да доведе човек во неволја. Дека е тоа така, сведочи и оваа вест од Русија.
Имено, како што пишува The Art Newspaper Russia, чувар на приватна компанија за обезбедување, кој наводно бил прв ден на работа, од чиста досада нацртал со пенкало неколку очи на сликата на Ана Лепорска „Три фигури“ , вредна 1,4 милиони австралиски долари.
Ова уметничкото дело беше изложено во центарот Елцин, кој се наоѓа во градот Екатеринбург. Чуварот може да се соочи со парична казна и „поправна работа“ од една година.
– Ве известуваме дека во текот на истрагата е идентификувано лицето кое ги насликало очите на фигурите на сликата на Ана Лепорска – се работи за вработен во приватна организација за обезбедување која врши безбедносни работи во рамките на Центарот Елцин … Оштетувањето е направено со хемиско пенкало, пишува junkee.com.
Уништеното дело било осигурано на 75 милиони рубљи (повеќе од 870.000 евра).

Веднаш по случката, сликата била отстранета и итно однесена на реставрација. За среќа, чуварот-„уметник“ не го стискал пенкалото во сликата, па штетата би можела да се отстрани, но ќе чини околу 2.800 евра, пишува Танјуг.

Инцидентот се случи на почетокот на декември минатата година, а руската полиција сега ја води истрагата.

извор: telegraf.rs

фото: Freepik