Принцот Чарлс (73) е повторно позитивен на ковид-19 и моментално е во изолација, објави палатата на Твитер.
„Принцот Чарлс доби позитивен тест утрово и затоа ја одложи планираната посета на Винчестер“, соопштија од палатата.
Многумина се загрижени за неговото здравје и на Твитер му посакуваат брзо закрепнување.
Ова е втор пат британскиот престолонаследник да се зарази со коронавирус. Пред нешто повеќе од една година тој го победи вирусот со благи симптоми. Се претпоставуваше дека се заразил преку принцот Алберт (63), кој исто така бил позитивен на вирусот во тоа време.
Да потсетиме, Чарлс е прв во редот за британскиот трон. Иако претходно се зборуваше дека круната веднаш ќе му ја предаде на својот син, принцот Вилијам (39), Чарлс јавно демантираше. Тој цел живот се подготвува за круната и ја чека најдолго во британската историја.
извор и фото: 24casa.hr