Рома испадна од Купот на Италија откако загуби од Интер со 0-2, а два дена после мечот медиумите на Апенините откриваат што направил Жозе Мурињо во соблекувалната на тимот кога ги навредувал играчите поради тоа што немале доволно храброст на дуелот со шампионот.
Интер ја елиминираше Рома на „Џузепе Меаца“, стадионот на кој Мурињо некогаш работеше во клубот со кого освои европска титула во 2010 година и затоа Португалецот не можел да го поднесе неуспехот.
„Мурињо таа вечер никого не штедел. Ниту играчите, ниту тренерите, ниту техничкиот персонал во просторијата“, пренесе Кориере дело спорт.
– Не знам зошто кога играме против Интер, изгледаме како го..на во првите десет минути. И сакам да знам зошто се поср..ме против Милан во првите десет минути. Сакам да знам зошто две години се покажувате како мали против големите клубови. Ако сме мали, судиите ќе не гледаат како мали. Најголема маана на човекот е недостаток на карактер, недостаток на „мад..ња“. Ако се плашите на овие мечеви, одете играјте трета лига каде што нема притисок. Вие сте луѓе без „мад..ња“, што е најлошо за еден човек – викал наводно Мурињо.
Извор: Mondo.rs
Фото: Corriere dello sport