Мелиса Твиди, професорка по физичко воспитување која работела во средното училиште Гленифер во Пејсли, Шкотска, се наоѓа под истрага од Општиот наставнички совет откако била пријавена дека спиела со еден од своите ученици во јуни 2017 година.
Твиди тогаш имала 23 години, ученикот 18, а имале секс веднаш после матурската вечер. Наставничката во текот на забавата непристојно танцувала со учениците и потоа со младото момче се сретнала со хотелот „Премиер“.
– Таа вечер испив неколку пива, шише вино, нешто жесток алкохол, нешто рум. Почнавме да се бакнуваме и потоа имавме секс. Професорката остана да преноќи и двајцата го напуштивме хотелот околу осум часот наутро – раскажа ученик А, претставен како сведок пред Советот, дополнувајќи дека му било жал што убавата професорка Твиди се наоѓа под истрага.
– Не знам како се најде во хотелот. Кога влегов во мојата соба, таа беше во друштво на деветмина ученици. Откако ни приговорија за вревата, сите се разотидоа освен ние двајцата. Тогаш почнавме да се бакнуваме и нежностите едноставно се случија.
Мелиса Твиди денес работи во Дубаи како инструкторка по јога. И се заканува исфрлање од регистарот на наставници во Велика Британија, но за среќа полицијата кренала раце од истрагата затоа што ученикот во тој момент имал 18 години.
Извор: net.hr
Фото: thesun.co.uk