Сите пратеници кренаа рака за минимална плата од 18.000 денари, законските измени изгласани во Собранието – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/22 1:31 PM

Сите пратеници кренаа рака за минимална плата од 18.000 денари, законските измени изгласани во Собранието

Со 101 глас ЗА, ниту еден против и без воздржани, пратениците денеска ја изгласаа потребата од носењето на Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за минимaлна плата.

Според овие предлог измени кои се носат по скратена постапка, минималната плата ќе изнесува 18.000 денари, што беше договорено во понеделникот меѓу трите социјални партнери, Владата, работодавачите и ССМ.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, од собраниската говорница рече дека, се менуваат критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50 отсто од  растот на просечната плата и 50 отст од растот на животните трошоци, според објавени податоци од Државниот завод за статистика.

„За најважните прашања во државата одлуките кои се во интерес на граѓаните ги носиме заедно. Овие измени ќе опфатат околу 80.000 граѓани, кои со исплатата на мартовската плата, од април, ќе добијат покачување од 15.200 на 18.000 денари минимална плата. Висината на минималната плата, според измените, не може да биде пониска од 57 отсо од просечната плата објавена од Државниот завод за статистика, за претходната година“, изјави Тренчевска.