Субвенции за струја од Владата ќе добијат околу 7.000 домаќинства – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/22 12:51 PM

Субвенции за струја од Владата ќе добијат околу 7.000 домаќинства

Голем е интересоткај граѓаните со ниски примања за користење на мерката за финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за електрична енергија, од 600 или 800 денари по домаќинство. По јавниот повик, бројот на пристигнати барања во Министерството за економија, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 6.500, а според буџетски средства за оваа намена од 60 милиони денари. Со финансиска поддршка можат да се стекнат околу 7.000 домаќинства. Ова го соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој заклучи дека оваа владина мерка најавена со кризната состојба со електричната енергија, е успешна.
– Во Министерството се формирани пет комисии кои активно ќе работат до крајот на февруари и ќе ја изготвата финалната листа на баратели кои ќе се стекнат со финансиска поддршка од оваа мерка, рече Бектеши кој потсети дека мерката ќе важи за сметките за цела 2022 година.

Во оваа мерка се вклучени сите приматели на гарантирана државна помош и дополнително 9.500 пензионери со ниски пензии и ако се додадат уште седум илјади домаќинства со ниски приходи, тоа значи над 55 илјади домаќинства во државава во текот на годинава ќе добијат директна помош за покривање на дел од фактурите за струја.

М.Т.