Македонската нордиска скијачка Ана Цветановска го освои 95. место во денешната трка крос-кантри на 10 километри. Таа патеката ја мина со време 39:57.7 минути, односно заостана за повеќе од 11,5 минути зад победничката Тереза Јохауг од Норвешка која имаше време 28:06.3 минути.
На трката настапија 98 натпреварувачки, а зад Цветановска останаа само три.
„На ЗОИ Пекинг 2022, Ана Цветановска ја заврши својата трка (10км крос кантри) и на олимписката патека постигна резултат од 39:57.7 со што го освои 95 место во конкуренција од 98 спортисти. Со оваа трка Ана го заокружи своето учество на олимписките игри и ќе продолжи да тренира за понатамошни врвни успеси“, соопштија од МОК.
На победничкиот подиум покрај Норвежанката, се најдоа две скијачки од Финска. Втора беше Керту Нисканен која заостана само 0,4 секунди зад Јохауг, додека бронзата ја освои Криста Пармакоски со резултат 28:37.8 минути.
По оваа трка, Норвешка се изедначи со Германија на врвот на листата медалисти со по пет освоени златни одличја.
МИА
фото: МОК