За 3,8 милиони евра продаден најголемиот „вселенски“дијамант „Енигма“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/22 10:20 AM

За 3,8 милиони евра продаден најголемиот „вселенски“дијамант „Енигма“

„Енигма“, најголемиот дијамант од 555 карати во светот, продаден е 3,16 милиони фунти (3,8 милиони евра) во Лондон во средата, откако неодамна беше за прв пат изложен во аукциската куќа „Сотсбис“.
Се верува дека станува збор за редок црн или карбанадо дијамант што се формирал кога метеорит или астероид удрил во Земјата пред повеќе од 2,6 милијарди години. Карбанадите обично се наоѓаат во близина на површината на Земјата, што укажува на вонземско потекло.
„Се смета дека овој специфичен тип на црн дијамант потекнува или од удари од метеори кои произведуваат природно таложење на хемиска пареа или од вонземско потекло – од експлозии на супернова кои формирале астероиди со дијаманти кои на крајот се судриле со Земјата“, соопшти аукциската куќа.
Дијамантот е една од најтешките материи за сечење. На експертите им требаа три години да направат необработен дијамант во скапоцен камен од 55 плоха, а неодамна беше прикажан во Дубаи, Лос Анџелес и Лондон.
Неговата форма е инспирирана од блискоисточниот симбол на моќ и заштита во форма на дланка, Хамса.
„Енигма“ не е дијамант од редот на квалитетни скапоцени камења. Карбанадите обично не се користат за накит или за продажба на аукција, но од неодамна станаа популарни. Тие најчесто се користат во индустријата за дупчење, поради нивната исклучителна цврстина.
„Сотби“ го нарече дијамантот „вселенско чудо“ пред продажбата, каде исто така беа прифатени и понуди во криптовалути.
Минатата година во Хонг Конг, дијамантот Keи 10138 беше продаден за 12,3 милиони долари, платен во криптовалута.

извор и фото: 24sata.hr