Пролетта е на прагот, ден за шетање на 16 степени – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/22 8:19 AM

Пролетта е на прагот, ден за шетање на 16 степени

Сончевото и потопло време денес ја најавува пролетта.

Но, од УХМР информираат дека викедот ќе биде облачно и студено. Температура денес ќе достигне до 16 степени, а во Скопје до 13 степени.

И утре исто така ќе преовладува сончево и потопло време.

Во сабота ќе дува ветер што ќе услови намалување на температурата за неколку степени, а облачноста ќе се зголеми, а и в Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време.

Утрово најстудено  е во Берово – 7 степени, Маврово (-6), Битола (-5), Крива Паланка, Тетово и Струмица (-4),  Скопје-Петровец, Прилеп, Штип и  Демир Капија (-3), Скопје-Зајчев Рид и Крушево (-1), а во Гевгелија и 4 степени во Дојран.

Најмногу снег има во Маврово (37), на Попова Шапка 25 сантиметри, 20 см во  Крушево, 4 во Ѓуриште, 6 во Битола и 2  во Берово.

(В.М.)