Според најавата на владината прес служба, по повод доаѓањето на германската канцеларка Ангела Меркел, во знак на поддршка на македонската евро – атланска интеграција, на платото пред зградата на Владата претпладнево ќе почне свечениот пречек за германската делегација предводена од канцеларката.
Еден час подоцна, прес конференција ќе одржат Меркел и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.
Меркел е првиот канцелар кој доаѓа во Македонија, по Герхард Шредер кој накратко ја посети земјава за време на косовската криза во 1999 година. Таа дојде на функцијата канцелар во 2005 година, веднаш по Шредер.