„Џонсон и Џонсон“ го прекина производството на вакцина против ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/22 3:30 PM

„Џонсон и Џонсон“ го прекина производството на вакцина против ковид-19

„Џонсон и Џонсон“ тивко ја затвори единствената серија на фабриката на компанијата што произведува употреблива вакцина против ковид-19, објави во вторникот „Њујорк Тајмс“, цитирајќи извори запознати со состојбите.
Исклучувањето, наводно, е привремено, а фабриката во Лејден-Холандија се очекува да продолжи со производството на вакцината за неколку месеци. Весникот пишува дека не е јасно дали прекинот на досега имал влијание врз снабдувањето со вакцини во земјите поради претходните залихи.
Фабриката во Лејден наместо вакцина против ковид, произведува нова експериментална, потенцијално попрофитабилна вакцина против друг вирус.

Според проценките од минатиот месец, компанијата ќе заработи до 3,5 милијарди американски долари од продажбата на вакцината против ковид-19 во 2022 година, што е за 46 отсто повеќе од една година порано.
„Џонсон и Џонсон“ објавија заработка од 2,39 милијарди долари од продажбата на вакцината против ковид-19 во 2021 година, нешто помалку од предвиденото (2,5 милијарди).
Бидејќи фабриката во Лејден е привремено затворена, на пазарот би можело да има помалку стотици милиони дози од вакцините на „Џонсон и Џонсон“, објави „Њујорк Тајмс“.
Сега други фабрики на компанијата се ангажирани за производство на вакцина, но тие се уште не се технички подготвени или немаат регулаторно одобрение за производство, пишува Њујорк Тајмс.

извор: N1.info.com