За две години отворени 68 микро винарии за кои се предвидени 10.000 евра грантови, вели министерот Николовски – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/22 1:56 PM

За две години отворени 68 микро винарии за кои се предвидени 10.000 евра грантови, вели министерот Николовски

Од јануари годинава во земјава се регистрирани вкупно 68 микро винарии. Согласно новата Пргограма за поддршка, тие ќе можат да бараат грантови од 10.000 евра за опрема и за консултантски, енолошки услуги. Според министерот за земојделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, Програмата се креира прв пат и моментно „тежи“ пет милиони денари. Но, интенцијата е да се обезбедат средства и да се поддржат сите апликанти кои ќе достават комплетни барања.
Во интервју за МИА, тој најави и нов закон за вино, по европски терк, како и уште две нови програми – за поддршка и грантови на сите семејни производители на производи од животинско и неживотинско потекло.

-Станува збор за сосема нов, европски закон кој ќе биде готов наредниот месец. Инаку, веќе имаме 68 винарии регистрирани од 1 јануари 2020 година – концепт што беше многу оспоруван, а „големите“ сакаа да не се случи и го кочеа во изминатиот период. Но, ете, се случи. Всушност, од 1 јануари 2020 година имаме регистрирано поголем број производители на вино отколку во сите 30 години претходно“, нагласи Николовски.
Тој смета дека е потребна поддршка, не само за регистрираните мали винарии, туку и за другите семејни производители, како семејни производители на производи од животинско и неживотинско потекло, на оние на кои им е овозможено да продаваат од куќен праг.