(Видео) Жените шокирани! Милош Биковиќ во новата серија со сцени за 18+ – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/22 1:03 PM

(Видео) Жените шокирани! Милош Биковиќ во новата серија со сцени за 18+

Милош Биковиќ ја има главната улога на новата руска серија „Пилињата“ – а веднаш по објавувањето на трејлерот, на фановите на популарниот српски актер  за око им запнаа експлицитните сцени што ги има со руската актерка Паулина Андрејева.

Во некои кадри од трејлерот се прикажува голотија, интимност меѓу Биковиќ и Андрејева, а не изостанало и насилството.
Провокативните сцени на  Биковиќ ги изненадија неговите обожаватели, но предизвикаа и големо внимание во јавноста, а публиката со нетрпение очекува да ја погледне оваа серија.

Станува збор за серијал базиран на истоимениот роман на наградуваниот руски писател Сергеј Минаев, а главен лик на оваа приказна е московјанецот Андреј Миркин, кој го игра Милош Биковиќ. Тој во серијата води агенција за односи со јавноста, а својот успех и пријатен живот им го должи на сексапилните жени со кои влегува во интимни врски.

Меѓутоа, во еден момент, сè околу него почнува да се распаѓа и неговиот живот се претвора во пекол, бидејќи овој харизматичен циник ќе мора да се соочи со последиците од своите постапки.
Во соопштението за медиумите се наведува дека станува збор за злобен женски трилер на одмазда во начинот на реализацијата на Финчер на „Исчезнат“, а судејќи по трејлерот, серијата ќе биде полна со експлицитни и вознемирувачки сцени.

Извор: nova.rs

Фото: Принтскрин Јутјуб