Шведска од денеска ги укинува сите анти-ковид мерки, нема повеќе маски, тестирања и сертификати – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/22 1:09 PM

Шведска од денеска ги укинува сите анти-ковид мерки, нема повеќе маски, тестирања и сертификати

Денеска од полноќ во Шведска се укинуваат сите анти-ковид мерки. Нема повеќе да се носат маски, не се задолжителни тестирања и ковид сертификати при влез во земјата, ниту дистанцирање на  граѓаните. Дури и бројките на заразени и мртви од ковид-19, исчезнаа од шведските медиуми. Државата во последните денови регистрира десетици илјади заразени лица, но од утрово само ги потсетува невакцинираните да избегнуваат гужви во затворени простории и им препорачува на сите кои имаат симптоми на ковид, да останат дома.
„Пандемијата не е завршена и има сè уште посебни совети за невакцинираните. Важно е сите граѓани да останат дома доколку имаат симптоми. Тие не мора да се тестираат, освен ако не работат во здравствена и социјална служба. За нив има посебни правила на однесување“, изјави шведската министерка за здравство, Лена Халенгрен.
Од денеска повеќе не важат епидемиолошките мерки: задолжителна контрола на сите јавни собири во затворени простории со повеќе од 50 лица, посебни седишта на јавни собири, ограничување на јавни собири во затворени простории на 500 лица (во спортот 500 луѓе на трибина) и најмалку 10 метри квадратни простор по учесник. Укината е затворањето на рестораните и баровите во 23:00 часот, границата од осум луѓе на маса во рестораните со растојание од најмалку еден метар меѓу масите…Укинати се и препораките за работа од дома, избегнување учество на масовни спортски натпревари, настава од далечина на универзитетите и носење маска во јавен превоз.
Граѓаните на ЕУ и на Швајцарија повеќе не мора да докажуваат дека се вакцинирани и се негативни при влез во Шведска.
Посебен режим продолжува да важи за вработени и пациенти во здравствениот систем, како и за вработените и корисниците на социјалните услуги. Тие ќе продолжат да се тестираат доколку има сомнеж, а во здравствените установи уште некое време ќе се носат маски.
Ковид-19 останува општествено опасна болест во Шведска, според Хеленгрен, која најави можност за укинување на таквата квалификација на почетокот на април.
Излезот од досегашниот режим се заснова на големиот број вакцинирани, релативно ниската стапка на смртност и стабилниот број пациенти на интензивна нега, и покрај големиот пораст на бројот на заразени со појавата на сојот омикрон, пишува Индекси.
„Она што сите заедно го постигнавме во последните две години може да се нарече успех. Не затворавме училишта, успеавме да ја спасиме економијата, иако работевме од дома, и не се фокусиравме само на големите фирми туку и на поединци. Имаше определба дека мора да излеземе од кризата, што е можно побезболно“, заклучи министерот Халенгрен.

извор: sputniknews.com