Канадските камионџии ги блокираат граничните премини меѓу САД и Канада – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/22 1:03 PM

Канадските камионџии ги блокираат граничните премини меѓу САД и Канада

Најфреквентниот граничен премин меѓу САД и Канада е делумно затворен бидејќи канадските возачи на камиони блокираат неколку ленти во знак на протест против владините мерки за сузбивање на епидемијата на коронавирус, вклучувајќи ја и задолжителната вакцинација како услов за влез во земјата, пишува Гласот на Америка.

Возачите на камиони вчера го блокираа и мостот Амбасадор кој ги повезува канадскиот Виндзор и Детроит во САД, а канадската полиција соопшти дека бил блокиран и преминот во Алберта.

– Продолжуваме да работиме на решавање на ова прашање со цел да обезбедиме проток на стока преку мостот, рече канадскиот министер за јавна безбедност, Марко Мендичино.

Околу 75 отсто од вкупниот извос на Канада оди во САД преку мостот Амбасадор, а дневно поминуваат и до осум илјади камиони.

Инаку канадските возачи на камиони веќе две недели протестираат и во Отава, каде градоначалникот во неделата прогласи вонредна состојба. Слични протести има и во Ванкувер и во торонто.

Полицијата соопшти дека демонстрантите се одлучни оти ќе останат во центарот на Отава и нема да ја прекинат блокадата.

Шефот на полицијата во Отава, Стив бел, предупреди дека во половина од 418 возила кои учествуваат во блокадата има и деца, па тие се загрижени за нивното здравје поради ладното време, големата бука, јаглен-моноксидот и недостатокот на санитарни услови.

https://twitter.com/SenojYerac/status/1491380877150294017

Канадскиот судија претходно изрече забрана да се користат сирените од камионите, бидејќи предизвикуваат голема бука и го пореметуваат животот на граѓаните кои живеат во центарот на градот.

Демонстрантите имаат поддршка од конзервативците во Канада и САД, а меѓу нив е и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој остро го критикуваше Трудо поради задолжителната вакцинација.

Канадскиот премиер, пак, во Парламентот рече да протестите мора да престанат, а одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се укинат рестриктивните мерки тој повтори дека владата ќе продолжи да се потпира на науката.

 

извор:Н1
фото: twitter