Мексико забрани вработените во јавниот сектор да се гушкаат, бакнуваат и да си даваат комплименти за физичкиот изглед – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/22 10:17 AM

Мексико забрани вработените во јавниот сектор да се гушкаат, бакнуваат и да си даваат комплименти за физичкиот изглед

Вработените во јавниот сектор во Мексико треба да избегнуваат бакнување, прегрнување и делење комплименти за физичкиот изглед – ова произлегува од новиот етички кодекс чија цел е борбата против сексуалното вознемирување.

Новите прописи доаѓаат во време кога  феминистичките движења ширум Латинска Америка против сексуалното вознемирување и насилството над жените се интензивираат.

Новата уредба објавена во Службен весник ги повикува вработените да „избегнуваат однесување со физички контакт кое може да се толкува сугестивно или сексуално, како допирање, прегрнување и бакнување“.

Исто така во текстот се препорачува да се избегнуваат коментари, комплименти или шеги кои имаат сексуална конотација во врска со нечиј физички изглед.

На една недела пред денот на вљубените, од вработените се бара и да не даваат подароци кои укажуваат на сексуална заинтересираност кон друга личност.

За прекршување на ваквиот кодекс се предвидени казни согласно мексиканските закони за одговорност во јавната служба.

 

извор: inquirer