Над 300 казни напишани вчера во Скопје, повеќе од половина се за пешаци – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/22 9:57 AM

Над 300 казни напишани вчера во Скопје, повеќе од половина се за пешаци

Во текот на вчерашниот ден на територијата на Скопје, во полициска акција се изречени вкупно 303 мерки.

Од нив 53 се за возење со брзина поголема од дозволената,  156 се за прекршоци направени од пешаци, а 20 за возење без возачка дозвола.

– Изречени се осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возач почетник, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 58 за непрописно паркирање, велат од МВР.

Од овде најавуваат дека џасилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.